Пари Сен Жермен се „истури“ на Мец

Пари Сен Жермен оствари нова убедлива победа во француското првенство. По елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, „светците“ својата нервоза ја истурија на Мец, совладувајќи го со 5-0.

Муние по само пет минути го доведе ПСЖ во водство, а потоа двапати во листата на стрелците се запиша младиот Нкунку. Пред самиот крај на првиот дел и Килијан Мбапе ја погоди противничката мрежа, а во второто полувреме серијата голови ја заокружи Тијаго Силва.

Се вчитува...