Парите од Кутињо во инвестиција: Ливерпул ќе го купува Томас Лемар за 100 милиони евра

Ливерпул го продаде Фелипе Кутињо во Барселона за фантастични 160 милиони евра, а сега ќе тргне и во реновирање на својот тим. Парите ќе бидат инвестирани во нови засилувања. По ангажманот на Вирџил ван Дајк, кој стана најскап дефанзивец во светот, сега Јирген Клоп и раководството на Ливерпул сакаат да ја засилат навалната линија. Пред потпис со „црвените“ е Ријад Махрез, крилниот играч на Лестер, а фокусот е насочен и кон уште еден одличен крилен фудбалер.

Ливерпул сака да го купи Томас Лемар, фудбалерот на Монако и француски репрезентативец, и, според најавите од Франција, подготвен е да плати фантастични 100 милиони евра. Доколку успее да ги ангажира овие две засилувања, тогаш сигурно дека фановите на Ливерпул брзо ќе го заборават заминувањето на Фелипе Кутињо на „Камп Ноу“.

Се вчитува...