Париз и Ел-Еј добија олимписки домаќинлук

Париз и Лос Анџелес ќе бидат следните олимписки домаќини. Интернационалниот олимписки комитет (МОК) официјално потврди дека домаќин на Олимписките игри во 2024 година ќе биде Париз, а четири години подоцна „петте кругови“ ќе се преселат во Лос Анџелес.

ИОК на Конгресот во Лима едогласно го потврди домаќинството на овие два града. Париз и Лос Анџелес останаа единствени кандидати за организација на Игрите во 2024 година откако се откажаа Будимпешта, Рим и Хамбург. Потоа Париз и Лос Анџелес постигнаа договор американскиот град да се откаже од трката во корист на француската престолнина и да ја прифати организацијата во 2028 година.

Се вчитува...