„Паризиен“: Нејмар му кажа ДА на ПСЖ

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари сен Жермен би можел да се реализира во текот на следната седмица, откако Бразилецот и дефинитивно ја прифатил понудата на „светците“ за преселба во француската метропола.

Ова го тврди и весникот „Паризиен“, кој на насловната страница на денешното издание го има Бразилецот со наслов „Нејмар му кажа ДА на ПСЖ“, додавајќи дека „бразилската ѕвезда одлучила да си замине од Барселона и да му се приклучи на ПСЖ, а на францускиот клуб сега му останува само уште да среди одредени детали за да го комплетира најскапиот трансфер во историјата на фудбалот“.

Добро познато е дека Барселона нема намера да го продава својот ас, но „светците“ се подготвени да ја платат неговата клаузула од неверојатни 222 милиони евра, со што Нејмар ќе стане убедливо најскап фудбалер во светот. Воедно, тој ќе потпише договор за плата од над 25 милиони евра по сезона, но и ќе добие шанса да биде прва ѕвезда во својот тим, откако сезоните во Барса ги мина во сенка на Лео Меси.

parizien

Се вчитува...