Партизан договори и трето засилување

Копаркарскиот клуб Партизан е на прагот да го официјализира и трето засилување во последниве триесетина дена, по Ѓорѓе Гагиќ и Квами Вон, од редовите на грчки АЕК пристигнува Бaнџа Сaj. Кошаркарот кој игра на позициите крило и крилен центар се согласи на соработка која ќе важи до крајот на сезоната.

Партизан значително го засили својот ростер во пресрет на финишот на АБА – лигата и плејоф разигурувањата од регионалниот шампионат. Кошаркарот од Мали со француски пасош претходно ги бранеше боите на По Ортез, Нанси и Асвел, додека во неговиот престој во тимот на АЕК одигра 11 натпревари на кои 3.3 коша и 1.6 скока по натпревар.

Се вчитува...