Раководството на Партизан ги исплати сите долгови кон УЕФА кои се наталожиле во изминатите неколку години. Европската куќа на фудбалот одлучи да му даде уште еден рок за исплата на клубот од Белград, до крајот на месец јануари, во спротивно ќе следи тригодишна суспензија од сите клупски натпреварувања во Европа.
„Пред 15 дена поднесовме жалба во судот во Лозана, а добрата вест е дека денес го исплативме сиот долг. Во контакт сме со луѓето од УЕФА кои ни кажаа да им ја пратиме целосната документација кога ќе ја завршиме уплатата. Потоа, очекувам целиот наш адвокатски тим да отиде во Швајцарија и да го реши целиот спор во најбрз можен рок“ – истакна Милош Вазура, генералниот директор на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА