Партизан најде замена за Патрик Милер

Кошаркарскиот клуб Партизан своите редови ќе ги засили со нов Американец, како замена за Патрик Милер пристигнува Квами Вон. 27-годишниот бек беше член на грчки Арис до ноември минатата година, а откако го раскина договорот со клубот остана без ангажман.

„Црно-белите“ веднаш најдоа замена за Милер кој се договори со Газијантеп, а од неговото заминување клубот од Белград ќе добие 100.000 евра обештетување. Како потенцијална замена за Милер на радарот на Партизан се најде и екс-кошаркарот на МЗТ Скопје Ксавиер Темс, но Вон беше најблиску до црно-белиот дрес.

Вон во дресот на Арис бележеше просек од 9.2 поени по натпревар, 2.7 скокови како и 1.7 асистенции. Американецот пристигнува со големо европско искуство, од 2013 година својата среќа ја пробуваше во Италија, Израел, Белгија.

Се вчитува...