Пасторе се враќа назад во Италија?

Хавиер Пасторе се подготвува за заминување од редовите на ПСЖ во јануаркиот преоден рок, а аргентинскиот фудбалер обелодени и дека најсериозно ги разледува понудите што ги добива од Апенинскиот полуостров. Тој своевремено имаше извонредни настапи во дресот на Палермо, па токму затоа сега би сакал да се врати во Италија, за веднаш да влезе во натпреварувачки ритам и да се обиде да се избори за место во аргентинската репрезентација за СП 2018.

Тој премногу ретко добива шанса да ги покаже своите квалитети во ПСЖ, а откако вчера се појави во стартниот тим против Нант веднаш се запиша меѓу стрелците.

Нормално е секој фудбалер да сака да игра цело време, но тренерот е тој што одлучува. Јас би сакал да играм како против Нант, тоа беше одлично издание што ќе се обидам да го повторам и во иднина. Знам дека многу се говори за моето заминување, се споменуваат клубови… Севилја? Многу поверојатно е дека ќе заминам во Италија, тоа е земјата каде би сакал да се вратам доколку се случи да си заминам од ПСЖ“ – изјави Пасторе.

Интер и Милан подготвуваат понуди за да го доведат овој фудбалер, кого „светците“ се принудени да го продадат во јануарскиот преоден рок за да ги задоволат условите на финансиски ферплеј што ги нарушија со мегатрансферите на Нејмар и на Мбапе.

Се вчитува...