Патики на Џордан од ОИ 1984 продадени за 190.000 долари

Патиките што ги носеше Мајкл Џордан за време на кошаркарското финале на ОИ 1984 во Лос Анџелес, продадени се на аукција за точно 190.372 долари.

Легендарниот американски кошаркар во бело-сините патики од марката „Конверс“, на 10 август 1984 постигна 20 поени во олимпиското финале против Шпанија. Џордан овие патики со автограм му ги подарил на едно 11-годишно момче кое собирало топки на натпреварите, соопшти аукциската куќа „СЦП Оукшенс“ која ја организираше оваа продажба.

Jordan patiki 

Се вчитува...