Патот на фантастичниот Вардар до Келн (видео)

Вардар ја игра најдобрата сезона во клупската историја, веќе освојувајќи го трофеите во СЕХА и во Купот на Македонија, а на дофат е и новата шампионска титула во домашното првенство. Сепак, значаен за „црвено-црните“ дефинитивно е  пласманот на фајналфор турнирите од Лигата на шампионите, прво учество на една македонска екипа во битката за тронот на Европа во машка конкуренција.

На единаесет дена пред почетокот на Ф4 турнирот во Келн, ЕХФ со видео на својата официјална страница потсети на патот на македонскиот првак до овој фајналфор турнир, почнувајќи од стартниот триумф во Шведска над Кристијанштад, преку декласирањето на европскиот првак Кјелце, но фантастичните победи во двомечот со Фленсбург.

Токму тие два големи триумфи на „црвено-црните“ нека бидат увертира за овој историски фајналфор и полуфиналето со Барселона, закажано за 3 јуни во „Ланксес арената“ во Келн.

Се вчитува...