Патрис Евра се враќа во Манчестер јунајтед?

Францускиот интернационалец Патрис Евра го напушта Јувентус и се враќа во Манчестер јунајтед. Оваа информација осамна во медиумите во Италија и на Островот, и лесно може да стане реалност уште во овој зимски преоден рок. Дополнително, масло на оганот фрли и Рио Фердинанд, кој истакна дека со ваков потег, Евра всушност би се вратил дома.

„Прочитав дека Патрис се враќа дома. Ако е тоа точно, тогаш тоа е најдобрата одлука што можеше да ја донесе“, истакна Фердинанд.

Патрис Евра и Рио Фердинанд долг период беа соиграчи на „Олд трафорд“, се додека не заминаа едниот во Јувентус, а другиот во КПР, пред и официјално да ја заврши кариерата.

Се вчитува...