МЗТ Скопје го шутна Павличевиќ

Никола Павличевиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје, откако шесткратниот македонски првак денес спогодбено го раскина договорот со црногорскиот кошаркар.

Причината за овој потег е инцидентот што се случи по неодамнешната средба против ФМП, во кој Павличевиќ нервозен по поразот во речиси добиен натпревар влезе во конфликт со навивачите. Клубот и кошаркарот заеднички решија дека вакво решение е најдобро во моментов за двете страни.

Навивачите се составен дел од МЗТ Скопје и сите во клубот мораат да знаат дека ваков начин на однесување кон нив е апсолутно недозволив и дека секој израз на непочитување во иднина ќе биде санкциониран според одредбите на Дисциплинскиот правилник“ – соопштија од раководството на МЗТ Скопје.

Павличевиќ во шест меча за МЗТ во АБА – лигата бележеше просек од 8.7 поени и 3.7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...