Пехарот стигна во „гнездото“ во Карпош (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Карпош соколи покажа најмногу во изминатите три дена во Кавадарци и апсолутно заслужено стигна до трофејот во Купот на Македонија. Некои тимови ги мачеа повреди, други замор, а трети кратка клупа, „соколите“ одговорија на сите предизвици, тренерот Николиќ ја темпираше формата, па најдобриот меч го одиграа во големото финале и на крајот со право се радуваа на големиот пехар.

Историјата е испишана, но со игрите што ги прикажуваат „соколите“ најавуваат лет и над шампионскиот пехар. „Штрковите“ ќе треба многу да внимаваат, за по ланската двојна круна овојпат да не останат со празни раце.

[new_royalslider id=”511″]

Се вчитува...