Пехрсон: Не чека лош терен за игра, но имаме сили за пласман понатаму - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
23/09/2017 15:05
Кошарка
23/09/2017 14:52
Фудбал
23/09/2017 12:57
Ракомет
22/09/2017 19:52

Пехрсон: Не чека лош терен за игра, но имаме сили за пласман понатаму

Пехрсон: Не чека лош терен за игра, но имаме сили за пласман понатаму

Стратегот на Малме, Магнус Пехрсон по пристигнувањето на неговиот тим во Струмица нагласи дека и Малме и Вардар ќе имаат лоши услови за игра со не баш соодветен терен за вакви европски натпревари на реванш пресметката од 2. квалификациско коло за ЛШ утре на стадионот „Младост“ во Струмица.

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар, Пехрсон сепак потенцираше дека ќе направат се за да се пласираат во следната рунда…

„Ќе биде тежок натпревар, меѓу другото и поради очигледно лошиот терен за игра кој не нуди најидеални услови за вакви важни европски натпревари. Но, ние сме тука и нема бегање од тоа. Сега, по онаа прва средба во Малме, многу повеќе знаеме за Вардар. Добро анализиравме што се случуваше на тој дуел, воочувајќи ги сите предности и слабости на противникот, но воочувајќи ги и нашите грешки. Вардар воопшто не е наивен противник. Напротив, игра тимски фудбал со многу борба, и сигурен сум дека ќе биде така и утре. Но ние ќе направиме се што е до нас за да ги продолжиме европските натпревари“ – рече Пехрсон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.