„Пеколни“ 25 дена за Челси

Челси и Барселона ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на шампиони, а во тој период „сините“ ги очекува исклучително тежок распоред.

Најпрвин, „каталонците“ гостуваат на „Стемфорд бриџ“ на 20. фебруари, а потоа Челси два пати ќе гостува во Манчестер во растојание од седум дена. Средбата на „Олд трафорд“ со Јунајтед е закажана за 24. фебруари, додека на 3. март ќе бараат реванш кај Сити на „Етихад“ за поразот од 1-0 на стартот од сезоната.

Пред да патуваат за Шпанија, четири дена порано Челси ќе го пречека Кристал палас, тимот кој над екипата на Конте ја забележа првата победа во Премиер – лигата за оваа сезона. Реваншот со Барселона на „Камп Ноу“ ќе се одигра на 14. март.

За разлика од Челси, Барселона има еден натпревар повеќе во истиот период, но гледајќи ги противниците нивниот распоред е полесен. На свој терен ги пречекува Жирона и Атлетико Мадрид, а гостуваат кај Малага и Лас Палмас кои во овие моменти се борат за опстанок.

celsipakao530142020171211184207

Се вчитува...