Пелагониското дерби во фокусот од четвртфиналните пресметки во Купот (13 ч.)

Пелагониската пресметка меѓу Пелистер и Победа во Битола, како и два дуели во Тетово, се денеска на програмата од четвртфиналните мечеви во Купот на Македонија.

Секако, главно погледите се насочени кон Битола каде Пелистер ја пречекува Победа, во желбата за позитивен резултат пред реваншот. Но, прилепчани, како што потенцираат максимално амбициозно патуваат под Тумбе кафе, сега со комплетен состав верувајќи дека можат и до триумф.

Во останатите два меча, на Градскиот стадион во Тетово, Ренова го пречекува Скопје, додека на игралиштетот на АМС на спортскиот центар во Тетово, екипата на Тетекс ќе го пречека прволигашот Академија Пандев.

Последната четвртфинална двојка, како што е познато, ја сочинуваат Шкендија и подобриот од осминафиналето меѓу Вардар и Шкупи. Но, поради постојаното одложување на дуелите поради учеството на Вардар во Лигата на Европа, Комисијата за натпревари на ФФМ донесе одлука натпреварите од 1/8-финалето во Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи најпрво да се одиграат на 29. ноември, односно 17. декември. Па, потоа на пролет ќе се играат натпреварите од последната четвртфинална пресметка.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (денеска, 13 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ

Тетово: ТЕТЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Одложено: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР/ШКУПИ

Се вчитува...