Пелегрино е наследникот на Клод Пуел

Маурицио Пелегрино е нов менаџер на Саутемптон, откако аргентинскиот стратег ја прифати понудата на „светците“, притоа одбивајќи ја онаа од лондонскиот премиерлигаш Кристал палас.

Овој 45-годишен стручњак, кој пред крајот на играчката кариера настапуваше за Ливерпул во Премиер-лигата, денеска го стави потписот на тригодишниот договор со Саутемптон, наследувајќи го на менаџерската функција Клод Пуел.

Среќен сум што доаѓам да го водам тимот на Саутемптон. Овој клуб си има создадено репутација дека игра атрактивен фудбал, воедно важи за многу стабилен и следниот ангажман дефинитивно е голем предизвик“ – изјави Пелегрино, кој доаѓа од шпанскиот прволигаш Алавес, тим со кој стигна до финалето од Копа дел реј.

Прва работа што Аргентинецот ќе се обиде да ја стори е да го убеди дефанзивецот Ван Дајк да остане во клубот, откако холандскиот интернационалец искажа желба да си замине по интересот на Ливерпул, Челси и Манчестер сити за неговите услуги.

Се вчитува...