Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa
Ekipa

Пелистер го остави Напредок во лига, после тоа му го зема Бочевски, ама му го испрати Здравков

Пелистер го остави Напредок во лига, после тоа му го зема Бочевски, ама му го испрати Здравков
На Напредок му требаше победа за опстанок во лигата, односно да се спаси од бараж и ја доби под „Тумбе кафе“ против Пелистер, а оттогаш...Драган Бочевски од Напредок се пресели во Пелистер, а Гордан Здравков ќе биде тренер на кичевскиот тим
На Напредок му требаше победа за опстанок во лигата, односно да се спаси од бараж и ја доби под „Тумбе кафе“ против Пелистер, а оттогаш…Драган Бочевски од Напредок се пресели во Пелистер, а Гордан Здравков ќе биде тренер на кичевскиот тим. Случајно или не…?! Којзнае, можеме само да нагаѓаме…Напредок не можеше да победи никого речиси цела пролет. И дојде во Битола, и, оп…си победи, глатко…Затоа што Пелистер ионака мораше во бараж, а, гледај чудо, го играше токму во Кичево… Успеа да го добие ФК Скопје со 1-0 и остана во прволигашка конкуренција.
 
 
Можеби уште од претходно се знаело дека Драган Бочевски ќе се пресели на клупата на Пелистер, а Гордан Здравков ќе го води Напредок. А, можеби и не?! Во нашиов фудбал македонски, колку и некои работи да делуваат случајно, сепак, најверојатно се добро обмислени.
 
 
Заедно со тренерот Гордан Здравков, од Битола во Кичево ќе се преселат и голманот Пеце Коруновски и играчот за врска Тони Велјановски.
 
 
Случајно или не, и Драган Бочевски си го доведе со себе во Битола досегашниот голман на Напредок, Горан Пашовски. Под „Тумбе кафе“ има уште неколку други засилувања, меѓу кои и Бразилецот Стенио Маркос де Салазар Фонсека Жуниор, Петар Љамчевски, Менде Степановски и Ѓорѓи Мојсов.            
 
 
Ќе помниме, Напредок зема три бода во Битола, да не треба случајно да падне „двојка“ следната сезона во Кичево?!   


Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.