Пелистер го реши Шкупи

Кошаркарите на Пелистер труимфално ја стартуваа новата сезона во Првата лига откако славеа на натпреварот против Шкупи со резултат 70-63.

Стануваше збор за пресметка меѓу двата тима кои профитираа од проширувањето на лигата и на тој начин обезбедијa влез во елитата. Во текот на сите 40 минути можеше да се проследи неизвесна битка, за „пелистерци“ да се одлепат во последните четири минути, па по водството од 68-67 на крајот да слават со седум поени разлика.

Денешниот меч целосно мина во знакот на домашниот кошаркар Анакиевски, кој одигра неверојатно, реализирајќи 39 поени со само едно промашување (5/6 за три, 9/9 за два, 6/6 за еден поен). Давков со 11 поени беше втор стрелец кај „пелистерци“, додека најдобар поединец кај Шкупи при денешниот пораз беше Булатовиќ со 20 поени.

Се вчитува...