Пелистер не греши два пати против Металург 2

Ракометарите на Пелистер продолжуваат со сигурни игри во финишот од ракометната Супер-лига, преку која битолскиот клуб уште од поодамна избори место во плејофот. Битолчани денеска на гостински терен славеа над Металург 2 со убедливи 24-35, реванширајќи им се на младите ракометарки на Металург за изненадувачкиот пораз среде Битола од 31-32 во првиот дел од сезоната.

„Металурзите“ и овојпат во првото полувреме им создаваа огромни проблеми на избраниците на Касим Каменица, па домаќините на одмор заминаа со предност од 14-13. Сепак, тоа беше се што домашните ракометари успеаја да сторат, Пелистер од самиот почеток на вториот дел ја превзеде контролата, го сврте резултатот во своја полза и стигна до тримф од убедливи 11 гола.

Васко Димитровски со шест гола ја предводеше битолската екипа до победа во Скопје, додека прв стрелец на Металург 2 на овој натпревар беше Танкоски со пет погодоци.

Се вчитува...