„Пелистерци“ стигнаа и до втората победа во Супер-лигата

Ракометарите на Пелистер стигнаа и до втората победа во разигрувањето за титулата од Супер-лигата, славејќи во шесттата рунда против последнопласираниот Борец со 34-29 (16-13).

Во главно израмнет натпревар, Пелистер сепак доминираше во второто полувреме кога се создаде во последните 15 минути клучната разлика и за конечен триумф.

И со овој триумф, „пелистерци“ останаа на претпоследната позиција со две победи и четири порази, додека Борец остана на последното место со пет порази од исто толку одиграни натпревари досега.

Се вчитува...