Пенезиќ и Хмирова потпишаа за унгарскиот Шиофок

Уште две ракометарки на Вардар ги официјализираа своите трансфери за следната сезона. Андреа Пенезиќ и Татјана Хмриова кариерата ќе ја продолжат во унгарскиот Шиофок, објави клубот на официјалниот сајт.

Пенезиќ (32) неодмана објави дека планира да ја заврши кариерата на крајот од сезоната, но потоа ги смени плановите и потпиша едногодишен договор со Шиофок. По распуштањето на Вардар, за храватската репрезенатативка имаше понуди и од Ростов Дон и од Ференцварош, но на крај во трката победи Шиофок.

Навистина размислував да се откажам од ракометот и да се посветам на други работи во животот. Добив многу понуди, но Шиофок беше најдобар избор за мене бидејќи Загреб ми е во близина. Верувам во филозофијата на клубот, се запознав со играчите и гледам дека тоа е еден многу добар проект“ – изјави Андреа Пенезиќ за новиот предизвик по четирите години поминати во Вардар.

Унгарија е нов предизвик и за татјана Хмирова која после пет години го напушта Вардар и Скопје. И Хмирова како и Пенезиќ со унгарскиот клуп поптиша едногодишен договор.

„Слушнав многу добри работи за Шиофок од Ирина Никитина и од Сања Дамњановиќ. Сакам да се докажам во лига во која можам да играм многу квалитетни натпревари и да му помогнам на клубот кој е желен за успех. Ова е ново поглавје во мојот живот и нешто сосема друго од тоа досега. Играв во мојот роден град во Русија, потоа поминав одлични годни во Вардар, но решив да ја сменам средината. Сакам и со Шиофок да го повторам успехот што го имав со моите претходни клубови“ – истакна Татјана Хмирова

Претходно заминувањето од Вардар и новите трансфери за наредната сезона ги официјализираа и Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ кои потпишаа договори договор со ЧСМ Букурешт, Амандин Лејно се сели во Ѓер, Александра Лакрабер кариерата ќе ја продолжи во францускиот Флери, а Сара Ристовска се сели во Крим.

Се вчитува...