Пенезиќ: Веднаш би ја сменила наградата за титулата

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ракометарките на Вардар имаат за што да жалат по денешното финале во Будимпешта, откако беа толку близу до титулата европски првак, за на крајот да потклекнат во неизвесната завршница против Ѓер.

Го оставивме срцето на теренот, одигравме фанатично во 60-те минути, потоа и во продолженијата, штета е што не бевме наградени и со освојување на титулата. Да не заборавиме, вчера го игравме вториот натпревар, кој беше исто така многу тежок, тоа беше преголем напор за нашиот тим, два меча за помалку од 24 часа. Бевме толку близу, на крајот да загубиме со само еден гол разлика… навистина не е фер. Не сакам да се извлекувам и да барам изговори, но судискиот критериум беше чуден. Не говорам за последниот напад, туку за одбраната, каде добивавме две минути за прекршоци за кои Унгарките не беа казнувани“ – истакна Пенезиќ.

По еден ваков пораз, Пенезиќ не можеше да ужива ниту во наградата за најдобар стрелец во ЛШ што „вардарката“ апсолутно ја заслужи.

Веднаш би ја менувала оваа награда за титулата европски шампион, тоа е сигурно“ – разочарана беше хрватската ракометарка во микс-зоната по поразот.

Се вчитува...