Пеп Гвардиола еден и единствен – три лиги, три рекордни серии

Пеп Гвардиола е најуспешниот менаџер во светот ако се суди според бројките, а тие покажуваат дека шпанскиот стратег има најдолги победниќки серии во трите најсилни фудбалски лиги во светот – Примера, Бундес-лигата и во Премиер-лигата.

Со триумфот против Свонси (4-0), Гвардиола со Манчестер сити стигна до 15.победа во серија, нешто што досега не успеал да го оствари ниеден друг клуб во Премиер-лигата. Досегашниот рекорд го држеше Арсена кој во 2002 година имаше серија од 14 победи, но во две сезони.

pep gvardiola 2

„Во историјата на Премиер-лигата имало многу генијални тимови, Ливерпул, Манчесет јунајтед во времето на Фергусон , Челси со Мурињо, но ние сме првите што добиле 15 натпревари во серија. Тоа е убаво, но нема ништо да ни значи ако тие победи не ги претвориме во титула на крајот на сезоната. Ако не ја освоиме титулата, тоа ќе биде само обичен рекорд кој некој ќе го урне некој ден“ – изјави Гвардиола, кој е сопственик на три од пет рекорди во модерниот фудбал.

Шпанскиот тренер или го сакаат или го мразат, но сите сите мора да му признаат дека станува збор за еден од најголемите фудбалски стручњаци.

gvardiola barsa

Додека редеше титули и уриваше рекорди со Барселона, неговите противници велеа „лесно е да играш кога во тимот ги имаш Меси и Иниеста“. Со каталонскиот тим, Гвардиола го урна рекордот на Примера со 16 победи по ред. А, дека тоа не било случајно, Шпанецот докажа и со Баерн Минхен со кој освои три шампионски титули и исто така постави рекорд во Бундес-лигата со 19 победи во серија.

Guardiola baern

Гвардиола во Баерн го преслика стилот на игра од Барселона, направи рекордна серија од 19 победи по ред, но таму му приговараа затоа што три години по ред испадна во полуфиналето од Лигата на шампионите.

После Баерн, Шпанецот го прифати предизвикот во Манчестер сити во многу потешка лига од Примера и од Бундес-лигата. На Островот, Гвардиола доби неограничен буџет, потроши милијарда евра на засилувања, но на крај успеа да состави совршен тим, урна уште еден рекорд и го натера Мурињо да го гледа во грб. По 17.кола во Премиер-лигата, Сити има 16 победи, едно реми и 11 бода предност пред второпласираниот Манчестер јунајтед. И само чудо може да ги оддалечи Гвардиола и Манчестер сити во вакво издание од шампионската титула во Англија.

Се вчитува...