Пердју е наследникот на Пјулис во ВБА

Вест Бромвич Албион експресно ја заврши потрагата по нов менаџер, избирајќи го Алан Пердју за наследник на Тони Пјулис, кој беше отпуштен по серијата од десет натпревар без победа.

Пердју беше прв избор на раководството на ВБА од самиот момент на прекинот на соработкта со Пјулис, а разговорите вродија со плод, за денеска да биде обелоденето дека тој потпишал договор на две и пол години со премиерлигашот од Бирмингем.

Возбуден сум поради можноста да работам во ВБА, со група на талентирани фудбалери. Целта е јасна, што поскоро да направиме резултати за да побегнеме од дното на табелата“ – изјави 56-годишниот Пердју по потписот на договорот.

Тој ќе дебитира на клупата на ВБА на дуелот со Кристал палас, клубот во кој Пердју го имаше својот последен ангажман пред да добие отказ во текот на минатата сезона.

Се вчитува...