Перез го „моли“ Мендеш да „среди работа“ за Деле Али

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од суперагентот Жорге Мендеш да му помогне да го реализира трансферот на младата ѕвезда на Тотенхем, Деле Али. Играчот за врска на „спарси“ од неодамна стана клиент на агенцијата за фудбалери која е во сопственост на познатиот португалски менаџер, што е голем плус за Перез кој има одлична соработка со Мендеш во изминативе години. Впрочем, Мендеш е човекот кој преговараше во име на Кристијано Роналдо за преселба на „Сантијаго Бернабеу“, па така првиот човек на „кралевите“ се надева дека ќе добие помош од него и во купувањето на англискиот фудбалер.

Лошите резултати на Реал Мадрид го натераа Перез да ги „засука“ ракавите и да почне да бара нови „галактикоси“, а токму Деле Али е една од главните цели, заедно со Хари кејн. Англичанецот иако не игра во својата претпознатлива форма, и покрај тоа успеа да забележи девет гола 11 асистенции на 27 натпревари сезонава. Несомнено се работи за фудбалер од светска класа кој се уште може да напредува, а знаејќи дека се уште е млад, Али во иднина може да биде новиот предводник на гигантот од Мадрид.

Се вчитува...