Перез го носи Галијани во Реал Мадрид: Тој го создаде моќниот Милан

Актуелниот европски првак Реал Мадрид планира големо кадровско засилување од следната сезона. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, сака да го доведе Адријано Галијани, човекот што го доздаде моќниот Милан и цели три децении беше одговорен за ангажман на нови фудбалери меѓу „росонерите“. Во најдобрите денови на Милан, тој успеваше да ги доведе најголемите ѕвезди на европскиот фудбал, а неговото искуство секако би било добредојдено и на „Сантијаго Бернабеу“.

Галијани си заминува од Милан, откако Силвио Берлускони и дефинитивно го продаде клубот на новите кинески инвеститори. Перез и Галијани веќе имале начелен разговор, а останува само да се утврди конкретната функција што тој би ја добил во Реал Мадрид од следната сезона.

Се вчитува...