Перез во Еспањол до 2020 година

Еден од најдобрите фудбалери на Еспањол, Ернан Перез денеска ја продолжи соработката со тимот останувајќи член на овој клуб до јуни, 2020 година.

После неговото доаѓање од Вилјареал, парагвајскиот крилен фудбалер со афирмираше во носител на играта на Еспањол и оваа сезона на 19 натпревари постигна три погодоци.

Еспањол по 18 одиграни натпревари, се наоѓа на 11-та позиција на табелата во шпанската Ла Лига, со 23 освоени бода. Во наредното коло, Еспањол ја пречекува претпоследнопласираната Гранада.

Се вчитува...