Перо Антиќ – кошаркар број 1 за 2017 година

Перо Антиќ е изборот на македонската кошаркарска јавност за најдобар кошаркар на нашата земја за 2017 година. Откако минатата година изненадувачки беше изоставен во овој избор, овојпат Антиќ сосема заслужено стигнува до признанието, откако со тимот на Фенербахче стигна до титулата во Евролигата, а сезонава продолжи во одличен ритам во дресот на Црвена звезда.

Во гласањето учествуваа спортските редакции во медиумите, тренерите, судиите и клубовите во Република Mакедонија, а признанијата ќе бидат доделени в понеделник (25. декември) со почеток во 19:00 часот во Сквер 21.

Од останатите наградени, Јелена Антиќ е најдобра кошаркарка, МЗТ Скопје и Бадел најдобри клубови, додека Љупчо Малинков е избран за најдобар тренер.

ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ:

Најдобар кошаркар: Перо Антиќ (Фенербахче/ Црвена Звезда)Најдобра кошаркарка: Јелена Антиќ (Лулеа/ Висла Кенпак)Најдобра машка екипа (сениори): МЗТ Скопје АеродромНајдобра женска екипа (сениорки): Бадел 1862Најдобра машка екипа (младински): ВардарНајдобра женска екипа (младински): Бадел 1862Тренер на женска екипа (младински): Анета Глигорова (Бадел 1862)Тренер на машка екипа (младински): Денис Дервишевиќ (Феникс 2010)Тренер женска екипа (сениорки): Бранко Андриевски (Вардар)Тренер машка екипа (сениори): Љупчо Малинков (Фени Индустри)Млад кошаркар: Дамјан Крстевски (Работнички, Репрезентација до 18 години)Млада кошаркарка: Тијана Митрева (Мерцедес Алгеро, Репрезентација до 16 години)Најдобар судија: Алија Феревски

Се вчитува...