Перо Антиќ му се закани на Датоме: Доаѓам пак да те пострижам (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ со својот тим Црвена Звезда утре гостува во Истанбул и ќе игра против поранешните соиграчи од Фенербахче, тимот со кој минатата сезона го освои трофејот во Евролигата. Сите се уште го паметат „спектаклот“ по освојувањето на пехарот, кога Антиќ среде терен го потстрижа Луиџи Датоме.

Сега повторно му се закани со исто сценарио.

„Повторно ти! Ќе те удрам и ќе те потстрижам утре! Остави го мојот брат Мелих на мир“, му напиша во шега Перо Антиќ на Луиџи Датоме на Твитер.

Се разбира, тие се одлични пријатели и ова е само убава најава на кошаркарскиот дуел од Евролигата.

„Многу сум возбуден поради враќањето во Улкер Арена! Се гледаме во вторник“, истакна Перо Антиќ.

Се вчитува...