ПЕРО АНТИЌ: Од такви како тебе ние сме к..тон држава, јас сум горд Македонец и таков ќе умрам!

Најдобриот македонски кошаркар во историјата Перо Антиќ не можеше да остане нем на бројните „повикувања кон него“ и „навреди“ кои се таложат изминативе години од поединци, а кои во „модерниот“ 21. век ги користат единствено социјалните мрежи за лечење на фрустрации.

Во немоќ за било каква посериозна општествена одговорност, и за сите нас добро е познато како поединци, главно преку лажни профили, така лесно се нафрлаат со „сочни епитети“ против се и сешто. На еден таков коментар синоќа наиде и Перо Антиќ по вчерашната негова извонредна партија во триумфот на гостувањето против Реал Мадрид.

На текстот објавен на ЕКИПА поддржан со видео од неговата тројка со која го реши Реал Мадрид, Антиќ наиде на коментар на официјалната фејсбук страница на нашиот медиум на кој не можеше да остане нем, па меѓу другото одговори…

„Господине комплекс компјутер јас ниту сум од партија како тебе, ниту сум гласал во животот. Мене ме интересираат муд..и какви нема во нашата држава кои ќе кажат право што мислат без разлика на последиците! Е, ти стар мо.ко кој нема муда да ми го каже ова право во лице, искомплексиран како илијадници други партиски пиони на кои тастатурата ви е единствена за лечење на комплексите кои ги влечите од основно училиште… Е од вас е нашата држава – куртон држава! Јас сум Македонец роден и таков ќе умрам, без разлика какви корења имам! Мојот образ цена нема, тоа го знаат сите во Македонија или барем оние кои знаат што треба да се почитува!“ – вели меѓу другото Антиќ во својот коментар на фејсбук страницата на ЕКИПА.

Ekipa fb profilkomentar i odgovor 

Се вчитува...