Перо Антиќ во „клубот +1.000“ на Црвена Звезда!

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ за запиша во клубот на кошаркари со постигнати повеќе од 1.000 поени во дресот на белградска Црвена Звезда.

Антиќ, партиципираше со 10 поени во денешната победа на белграѓани на гостувањето против Валенсија во Евролигата, со што стигна до бројката од 1.001 поени во црвено-белиот дрес во неговата кариера. Се разбира, сето тоа вклучувајќи го и оној негов прв престој во редовите на Црвена Звезда од 2005 до 2007 година.

Antic 1000

Се вчитува...