Пероти останува во Рома до 2021 година

Рома ја обнови соработката со аргентинскиот интернационалец Диего Пероти до 2021 година. Крилото на „волчицата“ потпиша двегодишно продолжување на својот договор, објави калчолигашот на својата официјална веб страница. Спортскиот директор Мончи истакна дека е среќен што и во иднина ќе соработува со 29-годишниот офанзивец.

„Врската која ја имам со Диего е посебна. Имав среќа и можност да ги надгледувам неговите први чекори во европскиот фудбал во Севилја, а сега ќе ми биде задоволство да му помогнам да се изгради како клучен играч за овој голем клуб“, вели Мончи.

Пероти се приклучи во тимот на Рома во јануари 2016 година, настапи на 78 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 17 погодоци.

 

Се вчитува...