Пешевски: Дојдовме како аутсајдери, се враќаме дома со кренати глави

Металург одигра фантастичен натпревар на гостувањето против фаворизираниот Мотор, успевајќи да остане непоразен на жешкиот терен во Украина. Иако во еден момент имаа и предност од огромни девет гола разлика, „металурзите“ пред се поради прекратката ротација не можеа да го издржат темпото, па во последниот напад издржаа да не претрпат пораз. Во секој случај, овој резултат остварен без Филип Кузмановски на теренот и без Лино Червар на клупата е мотив за младиот состав на Металург да продолжи со напорна работа и во периодот што следи.

„Дојдовме како аутсајдери, Мотор беше огромен фаворит, но му ги замативме сметките и покрај сите проблеми кој ги имаме. Металург заминува со крената глава, но овојпат со бод. Можеме да жалиме што пропуштивме шанса да си одиме со цел плен, но и бод од овој жежок терен е успех за нас. Не чека долг патешествие до дома и тешка недела за подготовки за уште едно тешко гостување“ – изјави Пешевски.

По победата над Спортинг, ова е вториот позитивен резултат за „металурзите“ во ЛШ во пресрет на следниот дуел против Чеховски медведи, екипа што е без ниту еден освоен бод по првите четири кола од групата Д.

Се вчитува...