Пешевски: Направивме многу технички грешки

Ракометарот на Металург, Жарко Пешевски истакна дека големиот број на технички грешки беа пресудни во поразот против бранителот на титулата, Вардар. Пешевски имаше одличен учинок против вардарци, потигна 5 гола од 5 шута, но сето тоа не беше доволно.

„Според мене, одигравме лош натпревар, со многу технички грешки. Се надевам на следниот меч во Панчево ќе се обидеме да ги намалиме тие грешки, и да се обидеме да оствариме победа. Сепак, ние сме млада екипа, ни треба уште време да се приспособиме еден на друг, напорно работиме секој ден на тоа.  Сметам дека имаме квалитет за да направиме нешто повеќе во следните дуели“, истакна Пешевски.

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ, со шест одбрани придонесе неговиот тим да ја забележи првата победа во СЕХА-лигата на стартот од сезоната. Милиќ смета дека и двете екипи одиграа добро, но Вардар беше тимот кој ја контролираше играта во сите 60 минути.

„Одигравме добар натпревар, презедовме контрола уште од самиот почеток и во остатокот од мечот останавме фокусирани да ја одржиме разликата. Го направивме она што тренерот го бараше од нас, па задоволни сме со првата победа во новата сезона. Им посакувам успех на Металург во понатамошните натпревари во СЕХА-лигата“, изјави Милиќ.

Се вчитува...