Пешиќ веднаш направи чудо – Барса во „Ел Класико“ до трофејот во Копа дел реј

Само десетина дена работа му беа доволни на Светислав Пешиќ да направи сензација како тренер на Барселона, предводејќи го каталонскиот гигант до пехарот во Копа дел реј.

По победите над Басконија и над Гран Канарија, Барса вечерва во големото финале се сретна со вечниот ривал Реал Мадрид, декласирајќи ги „кралевите“ со 92-90. Реал беше подобар во првата четвртина, поведувајќи со 21-15, но избраниците на Пешиќ потоа доминираа, целосно го свртеа резултатот во своја полза и на крајот заслужено славеа со 92-90. Мора да се истакне дека Барселона во поголемиот дел од второто полувреме имаше двоцифрена предност, Реал со серија тројки успеа да се врати, а потоа Козер ја промаши тројката со која можеше да го комплетира чудесниот камбек на „кралевите“ (резултатот гласеше 85-76 на помалку од две минутти до крајот).

Рибас со 21 поен беше најефикасен кај Барселона, а Анте Томиќ реализираше 17 поени со само едно промашување од поле (8/9).

Се вчитува...