Пет дена по Астори: Уште еден фудбалер почина во сон

Давиде Астори вчера беше погребан во Фиренца, а само десетина часа подоцна се случи нова трагедија откако уште еден фудбалер почина во сон како што тоа беше случај со капитенот на Фиорентина.

Станува збор за младиот фудбалер на Тур, 18-годишниот Томас Родригез, кој починал во тренинг-центарот на францускиот второлигаш. Фудбалерот кој се наоѓал на почетокот од својата кариера веќе имал неколку настапи за резервниот тим на Тур, сериозно наметнувајќи се и за место во првата екипа, пред неговиот живот прерано да згасне.

За жал, по новата фудбалска трагедија сосмртта на Томас Родригез (18 години) принудени сме да го одложиме натпреварот меѓу Тур и Валенсиен што требаше да се игра денеска. Сите натпревари од првата и од втората француска лига ќе почнат со една минута молчење“ – се вели во соопшштението од француската лига.

Се вчитува...