Петар Петковски: Мотивирани сме да се докажеме против Црна Гора

Новата генерација на „младинци“ под раководство на селекторот Благоја Милевски, која ќе настапува во следниот квалификациски циклус за ЕП, утре на тренинг – центарот „Петар Милошевски“ ќе има проверка на формата против соодветната селекција на Црна Гора. Мечот ќе се игра со почеток во 14 часот, а крилниот играч на Вардар, Петар Петковски, вели дека нашите млади фудбалери се максимално мотивирани за да се докажат.

„Иако е пријателски натпревар сите сме максимално мотивирани и во петок одиме на победа. Влегуваме без притисок и страв, со намера да одиграме најдобро. Уживаме во тренинзите, се надевам дека тој начин на работа ќе го пренесеме и на теренот“, изјави Петар Петковски.

Се вчитува...