„Петарда“ за Селта, Барселона во четвртфиналето на Купот

Барселона на доминантен начин се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија, откако ја совлада Селта со убедливи 5-0 во реванш – мечот од осминафиналето во ова натпреварување. Првиот дуел во Виго заврши 1-1, па каталонскиот тим е патникот во понатамошната рунда.

Лионел Меси ги разреши дилемите уште на стартот со два гола во 13. и во 15.минута, а до крајот на првиот дел погодија и Жорди Алба и Луис Суарез. Во завршницата од мечот „петардата“ ја заокружи Иван Ракитиќ.

Се вчитува...