„Петка“ на Манасков во новата победа на Веспрем

Веспрем ја продолжи својата доминација во унгарскиот шампионат, во рамките од 18. коло бележејќи ја својата 18. победа, овојпат на гостувањето во Будимпешта против Ференцварош со резултат 26-31.

Дејан Манасков и соиграчите ццелата работа ја завршија уште во првото полувреме, поведувајќи со 13-18 и потоа контролирајќи го водството се до самиот крај. Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со пет погодоци и беше втор стрелец на Веспрем, зад Маргуч со осум постигнати гола.

Следен предизвик за унгарскиот шампион ќе биде тешкото гостување во Германија против Фленсбург, во претпоследното коло од групната фаза во ЛШ.

Се вчитува...