„Петка“ за Лазаров во ремито на Нант со ПСЖ

Кире Лазаров со тимот на Нант освои голем бод против фаворизираниот Пари Сен Жермен (27-27) во дуелот од 12.коло во француската лига. Избраниците на Тиери Анти одиграа сигурно во финишот и успеаја да го неутрализираат тимот на ПСЖ кој и на овој меч беше без суспендираниот Никола Карабатиќ.

Актуелниот француски шампион на полувремето имаше водство од 13-15. Во последната четвртина гостите влегоа со три гола позитива (19-22), но Нант предводен од Сирил Думулан на голот, успеа да ја анулира разликата, изедначи на 22-22, до крај се држеше во егал и на крај остана непоразен пред својата публика.

Думулан го заврши натпреварот со 16 одбрани, а најефикасен кај Нант беше Николас Турна со осум гола. На спротивната страна, посум погодоци постигна Недим Ремили, а Тиери Омејер заврши со 10 одбрани.

Без победник заврши и вториот вечерашен дуел во Франција, во кој Шамбери на домашен терен ремизираше со Ним (27-27) во шестиот натпревар во серија без пораз.

Се вчитува...