Петковски: Среќен сум што ја оправдав довербата, уште повеќе за голот

Младинскиот репрезентативец Петар Петковски беше стрелец на вториот погодок за Вардар на денешниот меч против Брегалница, откако доби шанса да ги одигра финалните десет минути. Токму тогаш и се решаваше овој дуел, со оглед дека „црвено-црните“ долго се мачеа за да го отворат резултатот. За Петковски ова е прв гол во оваа сезона, а се надева дека нема да застане на само еден погодок.

„Мило ми е што добив шанса и постигнав гол на ваков значаен натпревар, тоа позитивно ќе влијае на мојата самодоверва, а и кај довербата на тренерот. По двата негативни резултати во последните два меча, им се враќаме на победите и најважно е да продолжиме со тој ритам и против Македонија Ѓорче Петров. Во наредните натпревари се надевам на поголема минутажа, иако се трудам максимално да ја користам секоја шанса која ќе ми ја овозможи тренерот“ – изјави Петковски.

Се вчитува...