Петровски заврши на 105. место од 178 велосипедисти на СП во Норвешка

Единствениот македонски претставник на Светското првенство во друмски велосипедизам кое се одржува во Берген, Норвешка, Андреј Петровски заврши на 105. место од вкупно 178 натпреварувачи на стартот.

Петровски, во категоријата до 23 години, на патеката долга 191 километар на крајот заврши на 105-та позиција со време од 4 часа и 59 минути.

Andrej Petrovski 3

Првото место го освои Французинот Бено Коснефрој со време од 4:48.23 часа, пред Германецот Камна и Данецот Свендгард.

rezultati top 10Претходно, Андреј Петровски настапи и на индивидуалниот хронометар завршувајќи на 51. место.Andrej petrovski 2Веќе две натпреварувачки сезони Андреј Петровски, во желбата за дополнителен свој развој во овој спорт, ги брани боите на францускиот клуб Монако.

Се вчитува...