Пик Сегед засилен за дуелот со Вардар

Екипата на Пик Сегед ќе биде значително засилена за утрешниот дуел од Лигата на шампионите против Вардар. Унгарскиот вицешампион ќе биде посилен за бразилскиот репрезентативец Тијаго Пјетруш, кој ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на тренерот Пастор.

Бразилецот утрово тренирал со остатокот од тимот и сигурно ќе настапи против „црвено-црните“, со што според унгарските медиуми одбраната на Пик Сегед сигурно ќе функционира на далеку повисоко ниво.

Пјетруш паузираше подолго време, а неговиот камбек стигнува во вистински момент, во обид да се прекине серијата од три порази од Македонците“ – се вели во информацијата на официјалната веб-страница на Пик Сегед.

Вардар исто така ќе биде комплетен откако Вуко Борозан ги надмина проблемите со повредата поради која црногорскиот репрезентативец го пропушти натпреварот со Загреб.

Се вчитува...