Пике ќе настапи на реваншот против Атлетико Мадрид

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, ќе биде во комбинација за утрешниот реванш-натпревар од „Копа дел Реј“ против Атлетико Мадрид.

Тој заработи повреда на првенствениот натпревар против Атлетик Билбао (3-0) и беше повлечен од игра на почетокот од второто полувреме.

Сепак, шпанскиот репрезентативец тренираше со остатокот од екипата во изминатите денови и ќе биде на располагање на стратегот Луис Енрике за дуелог против „јорганџиите“.

Барселона од првиот натпревар има предност од 2-1 над Атлетико Мадрид, благодарение на погодоците на Суарез и на Меси.

Се вчитува...