Пике со порака до фановите на Барса: Тие што исвиркуваа, имаат многу куса меморија!

Барселона едвај го победи Леганес со 2-1 на „Камп Ноу“, со голот од пенал на Лионел Меси во последните минути од средбата, а фановите им упатија свирежи на фудбалерите по завршувањето на средбата. Жерар Пике не беше на теренот на овој меч, остана на клупата за резерви, но застана во одбрана на соиграчите, истакнувајќи дека фановите кои ’свиркале’ всушност имаат многу куса меморија.

„Точно е дека изминатите месец и половина не сме во најдобра форма и не играме на нашето ниво. Но, се уште сме во трка за три титули, иако ќе биде многу тешко да поминеме понатаму во Лигата на шампионите. Но, не можам да ги разберам свирежите кои се слушаа на „Камп Ноу“ по завршувањето на натпреварот, за тимот и за тренерот Луис Енрике. Тие истите освоија осум од десетте можни трофеи во изминатиот период. Тимот и навивачите треба да бидат заедно, и во добро, кога славиме победи, но и кога ќе загубиме, во лошите моменти. Мислам дека сите што упатија свирежи имаат многу куса меморија и треба да си ја освежат“, истакна Жерар Пике.

 

Се вчитува...