Пипо Инзаги ќе ја води Албанија против Македонија?

Легендарниот италијански голгетер Филипо Инзаги е главен фаворит за селекторското место во репрезентацијата на Албанија. „Скај спортс“ открива дека челниците на Албанската Фудбалска Федерација веќе стапиле контакт со екс-голгетерот на Милан, кој покажал интерес за од клупскиот да се пренасочи на репрезентативниот фудбал.

Инзаги по неуспешната авантура како тренер на Милан го прифати предизвикот во тимот на Венеција, со кој успеа да влезе во втората лига, но јасно е дека предизвикот со албанската репрезентација е многу посериозен, како од фудбалски, така и од финансиски аспект. Тој на оваа функција би го наследил својот сонародник Џани де Биаси, кој се повлече пред петнаесетина дена, една година откако оствари историски успех пласирајќи се со Албанија на ЕВРО 2016.

Доколку Инзаги ја прифати понудата, прославениот голгетер ќе го видиме и во Скопје, на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Албанија закажан за 5 септември.

Се вчитува...