Писториус наместо шест, дури 13 години во затвор

Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус доби двојно зголемување на казната, по неговата жалба за затворската пресуда за убиството на Рина Стенкамп. Атлетичарот од Јужна Африка ја застрела Стенкамп на „Свети Валентајн“ и тврдеше дека мислел дека станува збор за крадец во неговата куќа и воопшто не бил свесен дека тоа е неговата девојка.

Тој доби првична казна од шест години, на што Обвинителството поднесе жалба, за денеска Врховниот суд во Преторија да донесе одлука дека параолимпиецот ќе мора да мине 13 години и пет месеци зад решетки.

Една од основните работи што треба да се утврдат е сериозноста на престапот, за што во овој случај нема никакви дилеми. Покрај тоа, Писториус не покажал искрено жалење за случката, така што ние и при првичното изрекување на казната истакнавме дека таа е премногу блага. Денешната пресуда е доказ дека сме биле во право“ – соопшти Андреа Џонсон од Обвинителството во Преторија.

 

Се вчитува...