Питер Крауч започнува „ди-џеј“ кариера

Напаѓачот на Стоук ова лето „заплива“ во музичките води. Питер Крауч ќе ги забавува слушателите на британското радио „Екс“, во следните неколку недели ќе ја води емисијата „Вечерно шоу“. 36-годишниот фудбалер во текот на емисиите ќе ја пушта својата омилена музика, а исто така ќе раскажува и фудбалски анегдоти и збиднувања кои ги доживеал во кариерата.

Крауч истакна дека е редовен слушател на радиото, ја обожава нивната музика, па немаше дилеми околу одлуката да започне нова, сосема различна кариера, неповрзана со фудбалот. Гласот на голгетерот за прв пат ќе може да се слушне на 24. јули.

Еден од менаџерите на ова радио, Мет Деверсон изјави дека е возбуден што ќе соработува со Крауч. Вели дека е среќен што му овозможи на Крауч да ја работи неговата втора омилена работа, а тоа е да биде „ди-џеј“, слушателите ќе можат да уживаат во неговиот хумор, бидејќи Крауч е познат во Англија како голем шегаџија.

Се вчитува...