Пици го испадна Чиле, но сепак ќе води репрезентација на СП

Хуан Антонио Пици сепак ќе води репрезентација на претстојниот светски шампионат иако со селекцијата на Чиле беше шокиран и не успеа да ги мине јужноамериканските квалификации. Тој доби отказ од чилеанскиот национален тим, но затоа немаше проблеми да си најде нов ангажман – како селектор на Саудиска Арабија, функција на која го наследува Аргентинецот Едгардо Бауза.

Пици е третиот стратег што е именуван за предводник за Саудиска Арабија, откако најпрвин Берт ван Марвијк ја заврши главната работа во квалификациите, а потоа Бауза дојде, за само по шест натпревари да добие отказ од клупата на оваа селекција.

Саудиска Арабија в петок ќе ги дознае противниците за групната фаза од СП 2018, на ждребот што ќе биде одржан во Москва. За оваа селекција ова ќе биде прв настап на мундијалите по 2006 година, кога учествуваше на СП во Германија.

Се вчитува...